Top Sport

Бунучи го тужи Јувентус – Клубот му го нарушил угледот

Поранешниот капитен на Јувентус, Леонардо Бонучи (36) реши да го тужи својот „сакан“ клуб затоа што му го нарушиле професионалниот углед. Јувентус го отпиша Бонучи пред стартот на новата сезона, тој смета дека со тоа му го нарушиле угледот.

Леонардо Бонучи до оваа сезона беше стандарден член на Јувентус, до трансферот во Милан дој беше еден од капитените на старата дама.

Бонучи покрена постапка за клевета. Со тоа што тренерот Масимилијано Алегри го отстрани од првиот тим смета дека му наштетил на неговиот углед.

Адвокатите Антонио Конте (навистина така се вика) и Габриеле Цукерети во име на 36.годишниот дефанзивец ќе бараат од Јувентус исплата на отштета поради несоодветни услови за тренирање, кои му наштетиле на неговиот професионален углед.

Доколку го добие спорто, Бонучи сите пари што ќе ги добие ќе ги донира во детската болница во Торино.

Овој искусен фудбалер потпиша договор со германскиот тим Унион Берлин по заминувањето од торинскиот гигант.

Леонардо Бонучи за Јувентус одигра вкупно 502 натпревари и постигна 37 голови и 10 асистенции.

Тој стана член на Старата дама во 2010 година, со исклучок на сезоната во Милан, тој беше играч на Јувентус.

Тој е производ на младинската академија на Интер, а играше и за Тревизо, Пиза, Џенова и Бари.

Scroll to Top