Тимот на Бурнемаут ќе се обиде да покаже почит ако извлече шокантна победа на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед во денешниот меч, вели нивниот менаџер Еди Хоув.
По „фарсата“ во ходниците на „Олд Трафорд“ која настана откако менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо се налути за прославата „без почит“ на играчите на Манчестер сити по 2:1 победата во градското дерби, Хоув вели дека ако „Црешите“ направат изненадување тоа ќе биде проследено со „почит“.
„Тоа е нешто најдалеку во мојот ум, и не мислам на победата. По фудбалски меч секогаш има многу емоции и понекогаш луѓето не сфаќаат колку лошо изгледате. Предизвикот е да се скротат емоциите. Можам да зборувам само за себе, но кога ќе победиш не сакаш да му го ’набиваш’ на нос тоа на противникот. Тоа е нормално однесување“, вели Хоув.
Бурнемаут доаѓаат во Манчестер со само еден пораз во последните четири меча, иако три од мечевите беа ремија. Хоув вели дека тимот по долгиот престој во третата лига, ќе ужива во дуелот со Јунајтед.
„Последните две сезони имаме добри резултати во ваквите мечеви и сакаме да го повториме тоа“, вели Хоув.
Гвардиола: Не славевме премногу, инцидентот почнал поради Златан?