Манчестер сити стигна до 1:0 победа на гостувањето кај Бурнемаут, и иако резултатот изгледа дека натпреварот бил „тесен“, другата статистика од мечот покажува дека домаќините на „Дин корт“ одиграле неверојатно слаб натпревар.
Бурнемаут станаа првиот домашен тим во Премиер лигата кој немал ниту еден удар на гол, во споредба со 23-те удари на актуелниот англиски шампион, а имале и само 18 отсто од поседот на топката.
Статистиката не застанува тука – тимот на тренерот Хоув исто така не изведе ниту еден корнер, а покрај тоа имаа и само 100 додавања со процент на успешност од 57 отсто. Апсолутно неверојатно!
Bournemouth 0 – 1 Manchester City:
Ball possession: 18% – 82%
Total shots: 0 – 23
Shots on target: 0 – 7
Fouls: 7 – 7
Shots inside box: 0 – 13
Accurate passes: 100 (56%) – 735 (91%)
Chances created: 0 – 17Narrow, but BIG win for City as we go top of the league, again! ? pic.twitter.com/Z0dvM0aiUZ
— Superbia Proelia (@SuperbiaProeIia) March 2, 2019