Top Sport

Лос Анџелес галакси му направија статуа на Дејвид Бекам (галерија)

Дејвид Бекам го нарече својот поранешен клуб Лос Анџелес галакси негово „семејство“ откако МЛС клубот пред првиот меч од новата сезона откри статуа од англискиот фудбалер.

Ова е прва статуа на еден МЛС фудбалер и со неа се оддава чест на поранешниот англиски капитен, кој беше првата голема европска ѕвезда која се приклучи на лигата. Тој освои титули со нив во 2011 и 2012, а помина шест години во Лос Анџелес.

„Наш град, наш дом. Од првиот ден кога моето семејство пристигна во овој град се чувствуваше како дома и ќе бидам вечно благодарен. Кога зборувам за Галакси и за Лос Анџелес, зборувам за нашето семејство“, изјави Бекам.

Scroll to Top