Top Sport

Бурнемаут за пет минути му зеде „мерка“ на Евертон (видео)

Променливиот старт на сезоната за Евертон продолжува, откако тимот на Марко Силва загуби со 3:1 на гостувањето кај Бурнемаут.

Домаќините стигнаа до водство во 23. минута преку Калам Вилсон, пред до крајот на полувремето Доминик Калверт-Луис да израмни. Но, во второто полувреме, „црешите“ и покрај тоа што имаа помал посед на топката, постигнаа два гола.

Рајан Фрејзер во 67. минута од мечот повторно ги врати Бурнемаут во водство со гол од слободен, за само пет минути подоцна Вилсон да го постигне вториот гол, користејќи ја лошата реакција на одбраната на „карамелите“. Ова е втора победа во пет кола за Бурнемаут (2-1-2 скор), додека Евертон има исто толку поени со ист скор (2-1-2).

Scroll to Top