Top Sport

Кемпес: Не велам дека Валенсија се мафија, но тука некаде се

Аргентинската фудбалска легенда и амбасадор на фудбалскиот клуб Валенсија, Марио Алберто Кемпес е целосно разочаран од водството на клубот, откако тие по само три кола го отпуштија тренерот Марселино, кажувајќи дека управата на клубот е „блиску“ до мафијата.

Кемпес, кој играше на „Месталја“ од 1982 до 1984 година, е целосно разочаран од водството на клубот, предводено од Петер Лим.

„Нема да ви кажам дека Валенсија се мафија, но тие се тука некаде. Изгледаш дека сè е во ред, почекаа преодниот рок да заврши и никој да не избега. Потоа го отпуштија тренерот. Не знам дали тоа беше свесна тактика, но за нив е совршено бидејќи сега фудбалерите мораат да останат во клубот без разлика на тоа дали им се допаѓа“, изјави Кемпес пред мечот со Барселона, кој „лилјаците“ го загубија со 5:2.

Scroll to Top