Top Sport

Бурното дерби Лацио-Интер заврши без победник и со црвени картони

Дербито на третото коло на Серија А помеѓу Лацио и Интер заврши без победник со 1:1, но и со доста неспортско однесување на фудбалерите на двата тима, кои мечот го завршија со по 10 играчи.

Интер не успеа да го заддржи совршениот старт на сезоната, иако дојдоа во водство по половина час игра, кога Лаутаро Мартинез се најде на вистинско место во шестнаесетникот. Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 55. минута доби совршена топка од Ачерби за да израмни на 1:1, по што следуваше драмата во финишот на мечот.

Во 69-тата минута црвен картон доби капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, откако му „влепи“ шамар на Артуро Видал, кој мора да се признае не мораше да се обиде да го крене противникот. Драмата и театарот продолжи во 86. минута, кога црвен картон доби Стефано Сенси по конфликтот со Патрик.

Во другите мечеви, Беневенто на Пипо Инзаги стигна до 1:0 победа над Болоња, а Парма, конечно, стигна до првите три поени оваа сезона со 1:0 победата над Верона.

СЕРИЈА А, 3.КОЛО

Беневенто – Болоња 1:0

Лацио – Интер 1:1

Парма – Верона 1:0

Scroll to Top