Top Sport

Бурсаспор на бизарен начин остана без планираното засилување

Полјакот Камил Гросицки е главниот актер на најбизарната приказна што се случила во летниот преоден рок.

Гросицки (30) е член на Хал сити, а како во клубот не сметале сериозно на неговите услуги решиле да го испрата на две годишна позајмица во Бурсаспор.

Искусниот фудбалер, во четвртокот бил во Бурса, со клупските челници направил обиколка на стадионот се запознал со новите соиграчи, а потоа ги минал и лекарските прегледи.

Проблемот настанал кога Гросицки требало да го стави потписот на договорот со Бурсаспор.

Клубот организирал официјална промоција, на која биле поканети голем број на новинари, Гросицки седнал да го потпише договорот, а потоа му кажал на претседателот на клубот дека мора да излезе на неколку минути бидејќи некој упорно го бара на неговиот мобилен телефон.

Откако поминале десет минути, челниците излегле да го побараат Гросицки, но тој едноставно исчезнал. Се обиделе да му се јават, но тој го исклучил телефонот.

Дури потоа добиле информација дека Полјакот седнал во својот автомобил се упатил кон аеродромот и ја напуштил Бурса и се вратил назад во Англија.

Scroll to Top