Top Sport

Бускетс и Алба го одбиле предлогот на Џоан Лапорта

Барселона минува низ најтешкиот период во поновата историја, а раководството на клубот прави се за да ги реши финансиските проблеми.

Претседателот на клубот Џоан Лапорта одбил да го потпише договорот со инвестицискиот фонд „ЦВЦ“, па сега мора да повлече некои нови радикални мерки за да ги испегла финансиските книги до крајниот рок, 30 јуни.

Каталонските медиуми пишуваат дека Лапорта повторно побарал од фудбалерите дозвола да им ги намали платите. Прво разговарал со капитените: Серхио Бускетс, Џорџо Алба и Џерар Пике.

Овие тројца минатата година се согласија нивните плати да бидат намалени за 50 отсто. Според медиумите само Пике се согласил неговата платата уште еднаш да биде намалена.
Бускетс сметал дека ова не е добро време, бидејќи дефинитивно има намера следното лето да замине во Интер Мајами, додека Алба ја отфрли можноста, повторно да му се намали платата.

Доколку не успее да ги намали платите Барселона ќе мора да го продаде Френки де Јонг. …

Scroll to Top