Top Sport

Бускетс ќе остане во Барселона

Шпанскиот играч за врска Серхио Бускетс ќе остане во Барселона најмалку до зимата 2023 година, пренесуваат шпанските медиуми. Претходните денови се појавија информации дека искусниот фудбалер би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, но решил да ја смени одлуката.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во изјава за клупската телевизија рече дека има големи шанси Бускетс да го продолжи договорот.

„Пике и Бускетс се играчи кои ја испишаа историјата на Барселона и станаа легенди на клубот. Покрај тоа, тие се и исклучителни луѓе. Што се однесува до Бускетс, Чави смета на него и се сака да остане. Се зборуваше дека ќе замине во зимскиот преоден рок, но ние сакаме да останеме со нас до крајот на сезоната. Сигурно ќе ја почитуваме неговата одлука и ќе му помогнеме во се што му треба. Барса е неговиот дом. Се надевам дека ќе остане до крајот на сезоната. Тој ќе ја донесе одлуката, но во клубот сите сакаме да остане со нас“, изјави Лапорта.

Бускетс целата своја професионална кариера ја помина во Барселона, за првиот тим дебитираше во 2007 година.

Scroll to Top