Top Sport

Бускетс: Можеме само да се извиниме, бидејќи по Рома ни се случи ова

Барселона две сезони едноподруго успева да „прокоцка“ домашна предност од три гола во двомеч од Лигата на шампионите, и останува со празни раце.

По минатогодишното „фијаско“ против Рома (4:1 домашна победа, 0:3 гостински пораз), дојде историскиот кам-бек на Ливерпул, кои со 4:0 ја надополнија убедливата 3:0 победа на Каталонците во неверојатен меч. Серхио Бускетс вели дека нема оправдувања.

„Тие беа подобри од нас, не притиснаа цело време и ние не успеавме да одговориме на тоа. Се обидовме да стигнеме до тој гол што ни требаше, но бесцелно. Што можеме да направиме друго освен да се извиниме на навивачите. По ланскиот пораз од Рома, доаѓа ова“, вели Бускетс.

Околу четвртиот гол, во кој одбраната на Барселона беше „заспана“ додека Трент Александер-Арнолд го најде Дивок Ориги за голот, ветеранот исто така нема оправдувања.

„Успеаја да не збунат, да бидат поумни од нас. Само Пике беше на местото, но не можеше да направиме ништо“, вели Бускетс.

ЛШ: Ливерпул го прави невозможното во фудбалот! Нокаут за Барса и големо финале (видео)

Scroll to Top