Top Sport

Бускетс решил да ја напушти Барселона

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс веќе решил да ја напушти Барселона и го информирал клубот за својата одлука, тврди шпанскиот весник „Марка“, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе се приклучи на Лионел Меси во Саудиска Арабија.

Договорот на Бускетс завршува на крајот на сезоната, но неговиот тренер и поранешен соиграч Чави Ернандез неколку пати јавно изјави дека саа да го заддржи и следната сезона. Според „Марка“, сега се чека само Барселона да ја потврди титулата во Ла лига за да се објави неговото заминување. Тоа може да се случи овој викенд со победа во градското дерби со Еспањол.

34-годишниот Бускетс има три титули од Лигата на шампионите и повеќе титули со Барселона, како и трофеј од ЕП и од СП со Шпанија, и е подготвен да се повлече од европскиот фудбал. Шпекулациите велеа дека Ал-Хилал се подговени да му дадат околу 18 милиони евра годишна плата за две сезони во Саудиска Арабија.

Scroll to Top