Top Sport

Ред бул се потсмеваат со Мерцедес по обидот да го добијат Адријан Њуи

Мерцедес имале храбар обид да го убедат дизајнерскиот „гуру“ Адријан Њуи да се пресели од Ред бул, но откако Британецот се реши да го продолжи договоот со Ред бул, од тимот се потсмеваат со обидот на „сребрената стрела“.

Њуи останува единствениот човек кој дизајнирал шампионски болиди за три тимови – Вилијамс, Мерцедес и Ред бул. 64-годишниот Англичанец пристигна во Ред бул во 2006 со фантастична репутација, носејќи четири титули во низа со Себастијан Фетел зад воланот, а потоа успеа да ја прекине доминацијата на Мерцедес од седум години за во моментов Ред бул да го има супериорниот болид.

Минатата недела тој го продолжи договорот со Ред бул, а во италијанските медиуми се тврдеше дека Ферари имале неуспешен обид да го добијат, а сега шпекулациите велат дека Мерцедес му понудиле „огромна сума“ за да ги реши нивните проблеми. За советникот на Ред бул, Хелмут Марко, ситуацијата е смешна и директно го прозва шефот на Мерцедес, Тото Волф за овој обид.

„Господинот Волф очигледно нема целосна доверба во неговите луѓе кои треба да ги решат проблемите со нивниот болид“, вели Марко.

Scroll to Top