Околу иднината на Серхио Бускетс има многу шпекулации во шпанскиот печат, откако тој уште не добил понуда за продолжување на договорот со каталонскиот клуб и веќе е во контакти со Интер Мајами за трансфер во МЛС лигата.
Тренерот Чави Ернандез се обидува да го убедли бордот на клубот и претседателот Жоан Лапорта да му дадат договор на уште една сезона на ветеранот, бидејќи уште верува в неговите квалитети, но за Бускетс е привлечна идејата за преселба во тимот на Дејвид Бекам, кој му ветил дека ќе биде прва ѕвезда во тимот.
Додека траат овие преговори, Барселона јасно е во потрага на фудбалери од средниот ред, со 23-годишниот Мартин Зубименди од Реал Сосиедад како „совршена“ замена за Бускетс, а втора опција би бил Португалецот Рубен Невеш од Вулверхемптон.