Top Sport

Динамо демантира дека Адеми побарал трансфер

Иако е вистина дека капитенот Аријан Адеми имал понуди од странство, Динамо Загреб инсистира дека македонскиот репрезентативец останува на „Максимир“ по раговорите со претседателкта на управата на клубот Влатка Перас и спортскиот директор и тренер, Анте Чачиќ.

„Во овој преоден рок може да замине само Доминик Ливаковиќ, бидејќи има таква клаузула во договорот, односно ако плати некој 10 милиони евра. Сите други играчи остануваат. Нашиот капитен Адеми сигурно и во вториот дел од шампионатот ќе биде на своето место“, изјави Чачиќ.

Минатата недела беше објавено дека Валенсија на Џенаро Гатузо е заинтересирана за Адеми, како и некои азиски клубви, но 31-годишниот капитен стнвуа на своето место бидејќи има договор до 2026 година. Адеми веќе посетува фудбалска академија во Загреб. Тој има 351 настап за „модрите“ со кои е од 2010 година кога пристигна како тинејџер од Шибеник.

Scroll to Top