Top Sport

БВБ го победи Манчестер сити во Чикаго (видео)

Марио Геце го постигна единствениот гол на натпреварот за Борусија Дортмунд да стигне до 1:0 победа над Манчестер сити на Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ) во Чикаго, во меч во кој за „граѓаните“ дебитираше Ријад Марез по трансферот од 60 милиони фунти од Лестер.

Алжирскиот репрезентативец имаше добар натпревар и за малку ќе постигнеше гол пред полувремето од слободен удар, но на крајот Борусија стигна до победа со гол од пенал во 28. минута откако Кристијан Пулишиќ беше фаулиран од Олександер Зинченко.

Сити беа со многу отсутни од своите стартни 11 – Габриел Жесус, Серхио Агуеро, Кајл Вокер, Данило, Винсен Компани, Џон Стоунс, Рахим Стерлинг, Илкај Гундоган, Кевин де Бројне, Фабијан Делф, Фернандињо, Николас Отаменди и Едерсон.

Scroll to Top