Top Sport

Надал: Мислев дека досега веќе ќе бидам татко

Рафаел Надал во јуни наполни 32 години и останува еден од ретките врвни тенисери кои не станаа татко.

Роџер Федерер има четири деца (два пара близнаци), додека Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, инаку помлади од Шпанецот, веќе имаат по две деца. Во интервју со „Марка“, светскиот рекет број 1 признава дека не планира да има деца додека игра тенис. Рафа е во врска со Чиска Перело од 2005 година, иако двајцата се познаваат и од претходно.

„Останувам посветен на тоа што ме прави среќен. Имам девојка и не сум сам кога ги носам одлуките. Засега, посветеноста е кон тенисот и уживам во тоа. Семејство? Не знам, бидејќи такви работи не се предвидуваат. Мислев дека до моја возраст веќе ќе бев поранешен тенисер и ќе имав големо семејство. Сепак, за тоа е потребно да имам постабилен живот, а со тенисот тоа е невозможно. Ќе дојде момент и за таа одлука, но само природно, без притисок“, вели Надал.

Scroll to Top