Top Sport

Capology ги објави платите на сите игрчи во Премиер лигата

Финансискиот портал „Capology“, објави податоци за платите на сите фудбалери во Премиер лигата пред почетокот на новата сезона 2024/25. На првите четири места има двајца асови на Манчестер сити и по еден на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Како што пренесува овој портал, за платите на 590 фудбалери се издвојуваат околу 1,8 милијарди фунти (околу 2,1 милијарди евра), односно просечната плата на фудбалерите во елитната англиска лига е околу три милиони фунти годишно (околу 3,5 милиони евра).

Најплатен фудбалер во Премиер лигата е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне. Белгиецот заработува 20,8 милиони фунти годишно (околу 24,7 милиони евра). Или 400.000 фунти неделно, што е околу 475.000 евра.

Второто место го зазема неговиот норвешки соиграч Ерлинг Халанд со 19,5 милиони фунти (23,2 милиони евра). Неговата неделна плата изнесува 375.000 фунти.

Третото место го поделија Мохамед Салах од Ливерпул и бразилскиот играч за врска на Манчестер јунајтед Касемиро. Годишно заработуваат по 18,2 милиони фунти (21,6 милиони евра), односно недлно инкасираат по 350.000 фунти неделно.

Многумина ќе бидат изненадени од некои имиња, на пример, најплатен играч на Челзи е Белгиецот Ромелу Лулаку, и покрај тоа што во последните две сезони тој не одигра ниту една секунда за клубот од „Стемфорд Бриџ“. Лукаку играше на позајмици во Интер односно Рома. иста плата како Лукаку има и Рахим Стерлинг, 16,9 милиони фунти (околу 20 милиони евра).

Жоао Кансело и Џејдон Санчо се слични примери. Португалецот играше како позајмен за Баерн и Барселона, а е четврти најплатен играч во тимот на Пеп Гвардиола, додека Англичанецот минатата сезона повторно го носеше дресот на Борусија Дортмунд и е четврти најплатен играч во тимот на Ерик Тен Хаг.

Топ 30 според платите:

Кевин Де Брујне (Манчестер сити) 20,8 милиони фунти

Ерлинг Халанд (Манчестер сити) 19.5

Мохамед Салах (Ливерпул) 18.2

Касемиро (Манчестер јунајтед) 18.2

Рахим Стерлинг (Челзи) 16,9

Ромелу Лукаку (Челзи) 16.9

Бернардо Силва (Манчестер сити) 15.6

Маркус Рашфорд (Манчестер сунајтед) 15.6

Џек Грилиш (Манчестер сити) 15.6

Каи Хаверц (Арсенал) 14.56

Габриел Жесус (Арсенал) 13,78

Жоао Кансело (Манчестер сити) 13.0

Мејсон Маунт (Манчестер јунајтед) 13.0

Џон Стоунс (Манчестер сити) 13.0

Џејдон Санчо (Манчестер јунајтед) 13.0

Рис Џејмс (Челзи) 13.0

Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед) 12.48

Деклан Рајс (Арсенал) 12.48

Мартин Едегор (Арсенал) 12.48

Фил Фоден (Манчестер сити) 11.7

Вирџил ван Дијк (Ливерпул) 11.44

Родри (Манчестер сити) 11.44

Антони (Манчестер јунајтед) 10.4

Бен Чилвел (Челзи) 10.4

Томас Парти (Арсенал) 10.4

Јошко Гвардиол (Манчестер сити) 10.4

Весли Фофана (Челзи) 10.4

Кристофер Нкунку (Челзи) 10.14

Букајо Сака (Арсенал) 19.14

Хеунг-мин Сон (Тотенхем) 9,88

Scroll to Top