Top Sport

ЦАС ја потврди казната – Трабзон нема да игра во Лигата на шампионите

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја одби жалбата на Трабзон. Турскиот клуб се жалеше на едно годишната забрана за настап во европските купови.

Минатата година, во јуни, УЕФА го казни Трабзон бидејќи клубот го прекршиле финансискиот фер-плеј во 2016 година. Слично како и Манчестер сити и Трабзон оваа одлука ја обжалија пред судот во Лозана, меѓутоа Трабзон немаше среќа како богатите „граѓани“ и нивната жалба ЦАС ја одби.

Трабзон одиграа одлична сезона во турскиот шампионат, го освоија второто место на табелата што е најдобар пласман на овој клуб уште од сезоната 2010/2011.

Оваа одлука на ЦАС значи дека Трабзон нема да игра во Лигата на шампионите, туку на неговото место ќе влезе Бешикташ, додека во Лига Европа ќе играат Сиваспор, Аланија и Галатасарај.

Scroll to Top