Top Sport

Цехот за елиминацијата од ЛШ ќе го платат помошниците на Чави

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, подготвува промени во стручниот штаб на тренерот Чави. Легендата на Барселона се наоѓа по жесток удар откако не успеа да ја мине групата во Лигата на шампионите.

Барса во Лигата на шампионите влезе со големи амбиции, но не успеа да ја мине групата во која се Баерн, Интер и Викторија Плзен. Се шпекулираше дека Чави би можел да добие отказ, но го спасија резултатите во Примера.

Сепак, каталонски „Спорт“ пишува дека чехот за испаѓањето од ЛШ ќе го платата помошниците на Чави. Прашање е како оваа промена ќе ја прифати Чави, бидејќи во блиски луѓе седат во неговиот стручен штаб.

Наводно Лапорта разговарал со Чави и му дале до знаење дека клубот не е задоволен од начинот на кој неговите помошници си ја вршат работата и сметаат дека му требаат поискусни луѓе покрај него.

Прв асистент на Чави е неговиот брат Оскар, кој нема речиси никакво тренерско искуство. Тој му помагаше на својот брат и во Ал-Сад. За него се вели дека е одлична личност, но дека нема никаков авторитет во соблекувалната и дека е прилично тивок, што не е пофално за помошниците. .

Втор асистент е Серхио Алегре, кој исто така нема искуство. Работеше во пониските лиги, а пред неколку години доби отказ од третолигашот Рубио, по што почна да работи со Чави.

Во стручниот штаб е и пријателот на Чави од детството Иван Торес, кој е кондициски тренер, но клубот не е задоволен од неговата работа бидејќи на некои натпревари видливо беше дека играчите на Барса не се баш добро подготвени.

Scroll to Top