Top Sport

Цел стадион викаше „Сиу“ заедно со Роналдо! (видео)

Кристијано Роналдо вчера го постигна својот 699. гол во кариерата при 3:0 победата на Португалија над Луксембург, за да постави уште еден рекорд во својата блескава кариера.

Но, реакцијата на целиот „Жозе Алваладе стадион“ покажа што значи Роналдо за Португалците, откако по одличниот лоб-удар за гол го прославија заедно со неговиот препознатлив извик „Сиу“.

Ова не е првпат навивачите да прославуваат вака заедно со Роналдо, откако минатата сезона навивачите на Јувентус го направија истото во меч од Серија А.

34-годишниот Роналдо сега има 94 голови за репрезентацијата, со што е на само 15 од вечниот лидер на оваа листа, Иранецот Али Даеи, кој постигна 109 голови за својата репрезентација.

 

Scroll to Top