Top Sport

Морено: Има место за Ансу Фати за тимот на Евро 2020

Шпанската фудбалска јавност е толку фасцинирана од тинејџерот на Барселона, Ансу Фати, што дури и селекторот Роберт Морено изјави дека за 16-годишниот талент може да има место за настап на Европското првенство во 2020 година.

Фати неодамна доби шпански пасош, а по дозволата од ФИФА да се откаже од настапите за родната Гвинеја-Бисау, тој беше повикан во У-21 репрезентацијата заменувајќи го соиграчот Карлес Перез за мечот против Црна Гора.

„Би сакал Ансу да биде со У-21 репрезентацијата и се надевам дека ќе помогне во квалификациите за таа репрезентација. Кога ќе дојде време за нашата репрезентација, можеби ќе настапува за нас на Европското првенство во 2020. Секој добар фудбалер е добредојден во селекцијата“, вели Морено.

Scroll to Top