Парите не секогаш носат гарантиран успех. Ако на тоа пред неколку години не потсетија Лестер со освојувањето на титулата од Премиер лигата, уште подобар пример имаме во Лил, клуб кој успеа да го победи Пари Сен-Жермен, клубот во кој постојаната инјекција на петродолари не само што не го донесе посакуваниот успех во Лигата на шампионите, туку не беше доволен ниту за француската Лига 1.
Вчера Лил беа крунисани за француски шампиони првпат по 10 години што значеше само вторпат во последните девет години ПСЖ не се шампиони. Работите да се постават во вистинска перспектива – целиот тим на Лил на почетокот на сезоната вредеше 239.05 милиони евра, додека двете први ѕвезди на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе, според „Трансфермаркет“ вреде 270 милиони евра.
Сега, на крајот на сезоната, Лил ја зголеми својата вредност на 297 милиони евра, а Џонатан Иконе и Џонатан Дејвид, двете први ѕвезди се доближија до вредност од 30 милиони евра. Во споредба ПСЖ има дури седум играчи со вредност од над 30 милиони евра – Моисе Кин (35), Преснел Кимпембе (40), Мауро Икарди (55), Марко Верати (60), Маркињос (70), Нејмар (110) и секако, Мбапе (160).