Одлуката на шпанската фудбалска федерација, новиот формат на натпреварувањата во Суперкупот да се оддржи во Саудиска Арабија предизвика многу контроверзи, но барем Атлетико Мадрид немаат да имаат проблем со навивачите во Џеда.
Популарните „рохибланкос“ или „јорганџии“ се горди на своето наследство како работнички клуб, кој традиционално е поддржуван од пониските класи во шпанското општество, и Атле имаат врска со локалниот клуб Ал-Итихад, кој исто така е горд на својата историја како „клуб на сиромашните“.
Клубот кој има осум национални титули и три азиски круни, пред три години ја прославуваше 90-годишнината од своето основање со пријателски меч со Атлетико, кога шпанскиот клуб славеше со 3:2 со головите на Хуанфран Торес, Фернандо Торес и Хозе Хименез.
Ова предизвика во Џеда, навивачите на Ал-Итихад јасно да се стават на страната на Атлетико, кои оваа недела ќе играат со Барселона во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија. Валенсија и Реал Мадрид го играат второто полуфинале.
? Hello again, Jeddah! ??
? It’s great to be back ?? #SuperCopa2020
⚽ #BarçaAtleti
?⚪ #AúpaAtleti pic.twitter.com/rD1X3QtOdT— Atlético de Madrid (@atletienglish) January 7, 2020