Top Sport

„Цела ноќ да играа немаше да ни дадат гол“

Тренерот на Наполи Џенаро Гатузо е разочаран од резултатот со кој заврши првиот осмина-финален натпревар помеѓу неговиот тим и Барселона (1:1).

Наполи стигнаа до предност со голот на Дрис Мертенс во 30 минута, а конечните 1:1 ги постиваи Антоан Гризман во 57 минута.

Наполитанците одиграа одличен меч, Гатузо тактички го надмудри повозрасниот колега Кике Сетиен, меѓутоа едно невнимание во одбраната продонесе Барса да постигне гол.

Барселона го имаше поседот но во текот на целиот меч упати само еден удар во рамките на голот. Тој обид им донесе нерешен резултат.

„Не ни шутнаа. Може да играат цела ноќ и немаше да ни постигнат гол. Сепак по наша грешка примивме гол. Тие имаа проблеми бидејќи ние одигравме одлично. Ќе се бориме во реваншот, имаме добри играчи. Шансите не се загубени“, рекол тренерот на Наполи.

Scroll to Top