Top Sport

Јунајтед до крајот на месецот ќе го заклучат трансферот на Грилиш

Челниците на Манчестер Јунајтед немаат намера да го чекаат летниот преоден рок за да го реализираат трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила. Според англиските медиуми тие ќе се обидат да го заклучат трансферот до крајот на овој месец.

Во спортскиот секторот на Манчестер Јунајтед стравувале дека цената на 24 годишниот фудбалер може да „скокне“ по Европското првенство.

Поради тоа тие сакале што е можно поскоро да го заклучат овој трансфер.

Грилиш имал фиксна откупна клаузула во договорот од 45 милиони фунти, меѓутоа овие медиумски наводи не ги потврдиле од Астон Вила.

Во тековната сезона Грилиш има одиграно 29 натпревари на кои постигнал девет гола и забележал осум асистенции.

Scroll to Top