Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја елиминираа Борусија Дортмунд во осмина-финалето, во Лигата на шампионите. Пред празните трибини на „Паркот на Принцовите“, екипата на Томас Тухел победи со резултат 2:0. Превиот меч во Дортмунд заврши со триумф од 2:1 за Борусија.
Фудбалерите на ПСЖ головите со кои се пласираа во четврт-финлето ги постигнаа во првото полувреме, а стрелци беа Нејмар и Хуан Бернат.
Бразилецот Нејмар при постигнувањето на првиот гол го провоцираше Ерлинг Халанд. Младиот Норвежанец во првиот меч постигна два гола, а првиот го прослави со симулација на медитирање.
Очигледно во ПСЖ не му го заборавија тоа. Прво Нејмар, а по завршувањето на натпреварот целиот тим на ПСЖ со медитација го провоцираа Халанд.
https://twitter.com/Sarrista__/status/1237861959329972224