Top Sport

Цеље ја освои првата титула

Цеље, во драматичната завршница во првенството на Словенија, ја освои првата титула во клупската историја.

Во последното коло Цеље и Олимпија одиграа 2:2. Цеље сезоната ја заврши со 69 бодови, два повеќе од Олимпија и Марибор.

На Олимпија и требаше победа во дербито за да ја освои титулата, меѓутоа не успеа поради двете катастрофални грешки на Камерунецот Маки Бањк. Овој играч од наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан од Белград.

По грешката на Бањк Лука Керин погоди за водство на Цеље. Олимпија израмни преку Елсник во 58 минута, но само шест минути подоцна Бањк направи нова грешка, а Визингер ја врати предноста на Цеље. Конечниот резултат го постави Елсник со својот втор гол.

Scroll to Top