Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валадано, упатил остри критики кон Герет Бејл, играч за кого „кралскиот клуб“ во 2013 година му плати на Тотенхем 90 милиони фунти.
„Ние константно го мериме учинокот на Бејл со оглед на тоа колку клубот плати за него. Токму цената ја направи илузијата дека тој е светска ѕвезда. Во последните пет години тој не ги оправда парите што Реал ги вложи во него“, изјавил за радио Марка, Валдано и продолжил со критиките.
„По само седум минути игра Бејл го остави сам Џорди Алба. Основно правило е дека секој играч мора да ја почитува тактиката, на тој начин го покажува својот карактер. Играчите мислат дека можат да прават што сакаат, иако е тоа против интересот на колективот“.
Аргентинецот истакнал дека актуелниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез, би бил добра опција за тренерската функција во Реал.
Реал Мадрид, синоќа му врачи отказ на тренерот Хулен Лопетеги и на неговото место како привремено решение го назначи тренерот на младинскиот тим, Сантијаго Солари.