Top Sport

Чаби Алонсо ќе ја предводи Борусија Менхенгладбах

Поранешниот фудбалер на Реал и Баерн Минехн, Чаби Алонсо, по завршувањето на сезоната ќе биде именуван во нов тренер на Борусија Менхенгладбах, објави „Билд“.

Чаби Алонсо, европски и светски првак со Шпанија, тренерската кариера ја започна во 2019 година во вториот тим на Реал Сосиедад.

Алонсо на клупата на Борусија, доаѓа на местото на Марко Росе, кој пред два месеци објави дека од наредната сезона ќе ги предводи „милионерите“ од Дортмунд.

Scroll to Top