Чаби Алонсо ги отфрли шпекулациите и порача дека останува во Баер Леверкузен, велејќи дека му се допаѓа позицијата во германскиот клуб. 41-годишниот Алонсо ја привршува својата прва сезона во Леверкузен, со кои е на седмото место во Бундеслигата и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа.
Овие резултати ги зголемија шпекулациите дека ќе замине во Тотенхем како замена за Антонио Конте, но Шпанецот вели дека нема вистина во шпекулациите.
„Среќен сум со тимот и со клубот. Не сум загрижен за мојата иднина, целосно се фокусирам на тоа што треба да го направиме во клубот и сите консултации се направени. Да, точно е, имам договор до 2024 година“, вели Алонсо.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, го презеде клубот по два месеци во сезоната, кога Леверкузен беше на 17. место. Тој претходно работеше три години како тренер на Б-тимот на Реал Сосиедад во третата шпанска лига.