Top Sport

Чаби Алонсо сака да го види искусниот Иглесијас во Леверкузен

Баер Леверкузен има историска шанса да ја освои Бундеслигата, а Чаби Алонсо верува дека Борха Иглесијас може да му помогне на тој пат.

Шпанецот во 2022 година за да дебитира за репрезентацијата, со добрите настапи во дресот на Бетис доби повик од Луис Де Ла Фуенте, но оваа сезона дели минутажа со Вилијан Хозе.

Иглесијас има 31 година, најважниот дел од неговата кариера го минува во Бетис, каде пристигна летото 2019 година од Еспањол за 28 милиони евра.

Во Еспањол одигра само една сезона, а претходно настапуваше за Селта и Сарагоса.

Иглесијас одигра 180 натпревари за сите тимови во Примера, постигна 56 гола со 10 асистенции, а Чаби Алонсо верува дека може да биде добра алтернатива за првиот напаѓач Бонифејс.

Да потсетиме, Леверкузен има седум бода повеќе од Баерн Минхен кој има натпревар помалку, а Баер е во игра и за трофеите во Купот на Германија и Лига Европа.

Scroll to Top