Чаби Алонсо и следната сезона ќе остане тренер на Баер Леверкузен. Шпанскиот стручњак викендов може и математички да му ја обезбеди првата шампионската титула на леверкузен.
Чаби Алонсо се поврзуваше со Ливерпул и Баерн, кои летово ќе останат без своите тренери Јирген Клоп и Томас Тухел.
Откако објави дека нема да го напушти Леверкузен, англиските медиуми пренесоа информација која ќе биде привлечна за сите клубови кои сакаат да го доведат моментално најбараниот тренер во светот.
Имено, неговата откупна клаузула ќе биде активирана следното лето (2025 година). Тој има договор со Баер до јуни 2026 година, а доколку некој сака да го донесе една година пред истекот на договорот ќе мора да плати 15 милиони евра.