Top Sport

Чалханоглу го одбил Ал Хилал

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, наводно одбил понуда на саудиски Ал Хилал, објавија денеска италијанските медиуми.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Ал Хилал на турскиот играч за врска му понудил 18 милиони евра по сезона и четиригодишен договор.

Чалханоглу е еден од најважните играчи на Интер оваа сезона, на 17 натпревари во Серија А има постигнато седум гола.

Како што наведува овој извор, истата понуда ќе го чека Чалханоглу на крајот од сезоната.

Турскиот репрезентативец го продолжи договорот со Интер во јули и треба да остане во клубот до јуни 2027 година.

Во 2021 година, Чалханоглу се пресели во Интер како слободен играч од Милан, претходно настапуваше за Баер Леверкузен.

Scroll to Top