Интер, во последниот натпревар од саботната програма во Серија А, победи во Венеција 2:0. Со оваа победа Интер, со натпревар повеќе им се доближи на само еден бод, на лидерите Наполи и Милан.
Човекот на одлука беше Хакан Чалханоглу. Турскиот репрезентативец постигна убав гол во 34.минута.
Конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез од пенал во 96.минута.