Top Sport

Чалханоглу наредното лето се сели во Јувентус?

Хакан Чалханоглу е еден од клучните играчи на Милан оваа сезона, меѓутоа неговата иднина во клубот од „Сан Сиро“ е неизвесна. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната, а клупските челници не успеваа да го убедат да потпише нов.

Двете страни не можат да се договорат околу финансиските детали. Милан, на фудбалерот му нуди годишна плата од 5.000.000 евра, што е дупло повеќе од она што сега го заработува, додека менаџерот на Чалханоглу бара 2.000.000 евра повеќе.

Ваквата ситуација се обидува да ја искористи Јувентус. Во Торино се подготвени да го чекаат Чалханоглу до завршувањето на сезоната, кога тој ќе биде слободен играч.

„Тутоспорт“, пишува дека од Јувентус го воспоставиле контакт со фудбалерот и дека првите разговори биле успешни.

Овој извор тврди дека Јувентус имале желба да го откупат Чалханоглу во зимскиот преоден рок, меѓутоа од Милано ја одбиле понудата. Во клубот сметаат дека Чалханоглу е важен дел од тимот, кој оваа сезона ќе се обиде да ја освои титулата во Серија А.

Scroll to Top