Top Sport

Чалханоглу за едно полувреме покажа колку ќе значи за Интер

Интер стигна до 6:0 победа над Кротоне во пријателски меч, во кој несомнено прва ѕвезда беше новото засилување на клубот, Хакан Чалханоглу, кој 55 минути игра даде еден гол и асистираше трипати.

Турскиот репрезентативец како слободен играч пристигна од лутиот градски ривал Милан, навлекувајќи го бесот на навивачите на „росонерите“. Но, очигледно е дека фановите на Интер добиваат класа засилување.

Scroll to Top