Top Sport

Чави: Ансу Фати во Реал? Зарем се шегувате?

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ги отфрли сите шпекулации дека неговиот млад напаѓач Ансу Фати во иднина може да стане фудбалер на Реал Мадрид, по шпекулациите дека се решил да побара трансфер ова лето по интересот на повеќе премиерлигаши.

20-годишниот Фати смета дека ја нема целосната доверба на Чави, и дека му е потребен трансфер да направи чекор напред во кариерата, а за неговата ситуација беше запрашан и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој кратко изјави дека „тој е одличен млад фудбалер кој ќе има блескава иднина“. На прес-конференцијата пред мечот со Кадиз, Чави беше запрашан дали такво нешто е возможно.

„Ова е шега, нели? Барем јас тоа го сфаќам тоа. Такви шпекулации навистина немаат никаква смисла. Тој е важен фудбалер за Барселона и ќе продолжи да биде така. Мислам дека сите во клубот беа јасни за тоа“, вели Чави.

Scroll to Top