Top Sport

Реал подготвени да ја тужат Ла лига поради новите правила за ТВ-камерите

Реал Мадрид се подготвени да одат на суд со шпанската Ла лига по новите побарувања и правила околу ТВ-преносите од шпанската лига оаав сезона, тврди „Мундо депортиво“.

Ла лига воведе нови правила за подобрување на своите преноси, како интервјуа на полувреме, микрофони со кои се слушаат тактичките совети на тренерите, како и камери во соблекувалните на играчите. Покрај тоа, лигата одвои 130 милиони евра кои ќе бидат доделени на тимовите според квалитетот и достапноста за камерите.

Реал Мадрид не ги почитуваше овие правила во првиот меч, а Карло Анчелоти порача дека нема да дозволи камери во соблекувалните бидејќи тоа е „свето место“. „Кралевите“ се подготвени да ризикуваат над 13 милиони евра приход, но веќе побарале прекин на овие побарувања од Ла лига.

Scroll to Top