Top Sport

Чави: Барса спие додека Реал ја освојува Европа

Поранешниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез, вели дека каталонскиот клуб, иако ја освоил титулата во Примера, се соочува со проблем, бидејќи Реал е тимот што имал „шампионска крв“.

Реал со победата над Ливерпул (3:1), ја освои третата титула во низа во Лигата на шампионите, додека Барселона свето патување во елитното натпреварување го заврши во четврт-финалето. За Чави не е доволно што Барселона сезоната на домашната сцена ја заврши со двојната круна.

„Реал има победнички ген, додека Барселона спие. Со години се доминантни во трансферите на нови играчи и сега тоа го наплаќаат. Барселона ми делува заспано, додека освојува титули во Шпанија некој друг ја освојува Европа и Лигата на шампиони“, рекол Чави и дополнил дека на патот до европската титула Реал имал многу среќа.

„Се им се отвораше на тој пат. Нејмар се повреди кога играа против ПСЖ, Робен и Боатенг не играа за Баерн поради повреди, а тука беа и судиите. Најважниот играч на Ливерпул се повреди во финалето, а исто така профитираа и од грешките на голманите, Каруис и Улрајх“, рекол Чави.

Scroll to Top