Top Sport

Дешам го советувал Гризман да остане во Атлетико

Антоан Гризман веќе четири сезони е играч на Атлетико Мадрид. Тој минатото лето го продолжи договорот со клубот до 2022 година, меѓутоа цела сезона се шпекулира со неговото заминување во Барселона.

Француското радио „РМЦ“, објави дека Гризман побарал совет од селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам.

Дешам, светски и европски првак со Франција, според овој извор, својот најдобар напаѓач го советувал да не го напушта Атлетико.

Наводно селекторот на Гризман му порачал дека во Атлетико е главен играч и прва ѕвезда, додека во Барселона би бил во сенка на Лионел Меси.

Гризман се уште не решил дали ќе остане во Атлетико, а како сега стојат работите веројатно одлуката ќе ја донесе по завршувањето на Светското првенство.

Scroll to Top