Top Sport

Чави: Барселона е во ерата после Меси, тоа не е лесно да се надомести

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, го коментираше претстојниот натпревар со Рајо Валјекано и призна дека на неговиот тим му е потребно време, но и трпение од навивачите за повторно да се бори за освојување трофеи.

„Вистината е дека утре имаме златна можност да се сместиме на второто место и да одиграме подобро од нашите последни неколку натпревари на домашен терен. Рајо има карактер. Андони Ираола е многу добар и храбар тренер кој е од мојата генерација. Треба да знаеме како да излеземе од пресингот што ќе го применат. Мора да покажеме карактер и да се обидеме да ги искористиме нашите можности за први да постигнеме гол. Треба да се обидеме да обезбедиме учество во Лигата на шампионите и да се бориме за второто место. И секако е потребно време, но и трпение од навивачите, затоа што се наоѓаме во ерата после Лионел Меси. Тоа не е лесно да се надомести“, призна Чави.

Scroll to Top