Top Sport

Чави: Де Брујне е од друга планета, тој е најдобриот фудбалер од средниот ред

Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне е најдобриот фудбалер од средниот ред на планетата вели Чави, кој додава дека тој е на „друго ниво“ од своите ривали.

29-годишниот Белгиец има 57 гола и зачудувачки 89 асистенции во 222 настапи за Сити, со кои се трансформираше во еден од најпостојаните фудбалери во Премиер лигата по неговиот трансфер од Волфсбург во 2015 (за 55 милиони фунти). Белгиецот ја освои титулата за најдобар фудбалер во Премиер лигата минатата сезона.

Чави, кого многумина го сметаат за еден од најдобрите „средни“ играчи во историјата, вели дека Де Брујне е најдобриот на денешницата поради безмилосноста, визијата за игра и постојаноста.

„Кевин де Брујне е на друго ниво, тој е брутален и знае да направи предност во секој меч. Тој е убедливо најдобриот фудбалер од средниот ред и е релативно млад“, вели Чави.

Тренерот на катарскиот Ал-Сад  исто така останува на мислењето дека Пеп Гвардиола е најдобриот и најреволуционерниот тренер на светот.

„Пеп е дефинтивно најдобриот менаџер, бидејќи го смени начинот на кој се игра фудбалот. Тој е многу добар во тоа како ја пренесува својата лидерска позиција до фудбалерите“, вели Чави, кој играше под Пеп во Барса од 2008 до 2012 година.

Scroll to Top