Легендата на Барселона и на шпанскиот фудбал, Чави Ернандез важи за еден од најдобрите фудбалери од средниот ред на сите времиња. Тој е еден од синонимите на популарната „тика-така“, многу почитуван поради асистенциите, техниката, позиционирањето, прегледот на играта и фудбалската интелегенција.
Сега е тренер на катарски Ал Сад, а беше прашан кој е моментно најдобриот „везњак“ во моментов.
„Кевин де Брујне од Манчестер Сити е потполно друго ниво во однос на сите останати. Брутален е и може да направи разлика. Моментно е најдобриот играч од среден ред во светот и се уште е релативно млад“ рече Чави.
Кога се работи за најдобриот тренер, повторно се врти кон „граѓаните.
„Пеп Гвардиола е најдобриот, тој го промени фудбалот. Одличен е во тоа што го прави и има врвни лидерски способнсти, но знае и како тоа да им го пренесе на фудбалерите“ вели Чави Ернандез.
Како најдобар дефанзивец, Шпанецот го истакна Вирџил ван Дајк, истакнувајќи ја неговата физичка доминација и лидерство на теренот.