Top Sport

Чави до Пике: Сега уште помалку ќе играш

Еден од сенаторите во соблекувалната на Барселона, Џерард Пике, не е задоволен од третманот што го има кај тренерот Лави. Од почетокот на сезоната тој целосно падна во втор план.

Каталонските медиуми откриваат дека Пике во соблекувалната се пожалил дека не игра колку што заслужува и дека е незадоволен од минутажата, Чави ги слушнал тие зборови и наводно му рекол „сега ќе играш уште помалку“.

Медиумите потсетуваат дека на Чави секогаш на првото место му е тимот и дека оние кои се ставаат на прво место, кога нема причина за нешто такво, нема да бидат во неговите планови.

Исто така, другата страна на приказната е дека Барса сака да го натера Пике да се пензионира на крајот на оваа сезона, бидејќи тој самиот вети дека ќе се повлече во моментот кога ќе стане резерва и кога ќе има подобри играчи во тимот.

Во моментов сите четворица стопери играат одлично – Роналд Араухо, Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде.

Доколку Пике се пензионира, тоа ќе биде огромно олеснување за буџетот на Барса. Платата на Пике се зголемува во оваа и наредната сезона, по што му истекува договорот, но доколку се пензионира, ќе клубот ќе заштеди голема сума пари.

Пике оваа сезона на теренот мина само 135 минути од можни 630.

Scroll to Top