Во третото коло од групата Ц во Лигата на шампионите, Интер ја победи Барселона на „Џузепе Меаца“ и побегна со три бода предност на табелата во групата каде лидер е Баерн Минхен. Победничкиот гол за Интер го постигна Хакан Чалханоглу во последните мигови на првото полувреме.
Овој пораз на Барселона не му се допадна на тренерот Чави, кој ги нападна судиите.
„Лут сум поради ситуацијата во која требаше да се вратиме во живот. Тоа е неправда. Веќе кажав дека судиите мора да дадат објаснувања за нивните одлуки. Ништо не разбирам. Судијата треба да зборува по натпреварот и да каже зошто донел таква одлука. За мене е многу јасно играњето со рака во шеснаесетникот. Затоа го сметам за неправда. Бевме подобри, но тоа не беше доволно да оствариме и добар резултат“, изјави Чави.
Тренерот на Барселона вели дека неговиот тим мора многу подобро.
„Доцна се разбудивме. На крајот направивме серија напади, но не успеавме да постигнеме гол. Знаевме дека шутирањето надвор од шеснаесетникот е една од нивните доблести и токму така примивме гол. Следните три натпревари се за нас и три финалиња. Загрижен сум за поразот. Баерн има девет бода, Интер шест, а ние три“, дополни Чави.