Top Sport

Чави го отпишал Сержињо Дест

Барселона, во зимскиот преоден рок, ќе се обиде да го продаде Сержињо Дест, тврди „Мундо депортиво“. Тренерот Чави не бил импресиониран од дефанзивните квалитети на Американецот.

Сержињо Дест, минатото лето ја избра Барселона пред Баерн Минхен, а како сега стојат работите донел погрешна одлука.

Американецот беше стандарден кај Роналд Куман, но со доаѓањето на чави се пресели на клупата за резерви.

„Во клубот се сомневаат во неговите квалитети. Во офанзивата се знае дека има добар дриблинг, шут и центаршут, сепак забележителни се неговите недостатоци во дефанзивата. Челниците на Барселона се убедени дека тој не е играч за првиот тим, подготвени се да го продадат додека постои шанса да добијат солидно обесштетување“, пишува „Мундо депортиво“.

Барселона за Дест плати 21.000.000 евра од Ајакс, тој има договор со клубот до јуни 2025 година. Според, „Трансфермаркт“, неговата вредност изнесува 30.000.000 евра.

Scroll to Top