Нов кикс на Барселона во Ла Лига. Избраниците на Чави Ернандез одиграа само 2-2 во Памплона кај Осасуна во рамките на 17. Коло.
Младите играчи на Каталонскиот клуб – Нико и Абдесамад Езалзули блеснаа на средбата, но доволно само за реми.
Фаворитот на оваа средба беше без Мемфис Депај и Филипе Кутињо во нападот.
Кај домашните фудбалери се истакнаа Давид Гарсија и Чави Виља. Овој вториот со голот во 87. минута донесе радост за фановите на стадионот „Ел Садар“.
Барса е осма на табелата со 24 поени, дури 15 помалку од лидерот Реал Мадрид.