Легендата на Барселона, Чави објави дека мора да се повлече од настапот за репрезентацијата на Каталонија против Венецуела во понеделник поради обврските кон својот клуб, катарскиот Ал-Сад, кого го очекува дерби против Ал-Духаил.
„Жал ми е што нема да можам да бидам во Џирона за мечот Каталонија-Венецуела. Моите обврски кон клубот не ми дозволуваат да патувам, но се заблагодарувам на Каталонската федерација и на претседателот Сотерас, на Карлес Доменеч и Жерард Лопез. Се надевам дека следниот пат ќе бидам со вас. Ќе бидам ваш прв навивач од Катар. Да живее Каталонија“, напиша Чави.
Каталонската фудбалска федерација не е членка на ФИФА, и Каталонија може да настапува само на пријателски натпревари.