Top Sport

Чави им се заблагодари на шестмина фудбалери

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез не смета на шест играчи во следната сезона. Тоа се Рики Пуиг, Нето, Оскар Мингеса, Клеман Ленгле, Самуел Умтити и Муса Ваге, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона ги започна подготовките за новата сезона, а Чави им соопштил на клупските челници дека се откажува од шест играчи, додека планира да доведе најмалку пет нови играчи.

Оние фудбалери кои играа за своите репрезентации во јуни добија продолжен одмор од една недела.
Шпанскиот спортски весник „Ас“ тврди дека Чави им рекол на шестмината играчи дека можат да бараат нови клубови.

Умтити би можел да оди на позајмица, Ленгле е на прагот на Тотенхем, додека останатите четворица „пречкртани“ играчи на Барселона ја чекаат вистинската понуда.

Барселона минатата сезона ја заврши без трофеј, а во Ла Лига беше втора со 13 бода помалку од Реал.

Scroll to Top